Која вода е најдобра за подготовка на храната на вашите деца?

Грижата за децата знае да биде многу стресна и напорна, особено кога е во прашање правилниот избор на храна и вода. Одбирањето на вистинската детска формула е само првиот чекор во обезбедување на здрав оброк за вашето дете, но подеднакво важен е и изборот на чиста и квалитетна вода за подготвување на оброкот. Се разбира дека секоја вода не е иста, па затоа треба да внимавате на нејзината чистина и хемискиот состав, што често доведува до поставување на прашањето: Која вода е најдобра за подготовка на храна за деца?
Кога зборуваме за флаширана вода, тука е Ladna, со препознатливиот квалитет. Нејзиниот совршено избалансиран хемиски состав со исклучително ниско ниво на натриум ја прави одлична за децата, поради што е прва вода препорачана од Здружението на педијатри на Македонија и е идеално решение за подготовка на детски оброци, кашички, како и за секојдневна употреба.
Ladna се полни од изворот „Бреза“, кој се наоѓа среде недопрена природа и во исклучително чиста еколошка средина, на надморска височина од 1.497 метри на Осоговските планини. Под контролирани услови и постојан надзор, Ladna постојано цели кон флаширање на најчистата и најквалитена вода со цел да обезбеди здравје, виталност и добар живот за потрошувачите.
Водата е еден од најважните елементи за добро здравје! Без разлика дали ја пиете или со неа ја приготвувате храната, таа е неопходна за варење и апсорбирање на храната, помага за одржување на телесната мускулатура, ги снабдува клетките со кислород и останатите потребни материи за правилно одвивање на метаболичките процеси. Токму затоа е многу важно каква вода пиете – и уште поважно – каква вода консумираат вашите деца. Вашето мало богатство го заслужува само најдоброто. Затоа, секој ден започнувате го со Ладна голтка здрав живот!
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
