Македонија
7. December 2021 - 16:36

Коалиционите партнери на Заев незадоволни од договорот за нови министри без ресор и ревизија на судски пресуди

Помалите коалициски партнери првично ја одбиле понудата на премиерот Зоран Заев за министри без ресори како компензација за се она што го доби Алтернатива во новата влада, тврдат пристуни на вчерашната средба. Тие јавно пред Заев проговориле дека партијата на Гаши добила несразмерно многу и дека ова личело на уцена.

Но, најголемите забелешки Заев ги добил за прифатените програмски цели од Алтернатва во Владата. Речиси сите застанале против решението за ревизија на судските предмети.

Милевски имал и забелешки за тоа што не бил консултиран како министер за локална самоуправа развојот на липковски крај, а и покрај тоа што имаат забелешки за работата  на Филипче во справувањето со пандемијата мислат дека не е време за измени во министерството за здравство.

Од кабиентот на Заев, за Сител, велат дека не сите одбиле министер без ресор, а со владино соопштение  потврдуваат дека документот со програмските цели договорени со Алтернатива треба „да се допрецизира и појасни со цел да стане составен дел од новата владина програма“

 „Заев додаде дека во овие моменти кога најважно е функционирањето на институциите со полн капацитет постигнатиот договор е гаранција дека имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за сериозните актуелни предизвици како што се обезбедувањето континуитет и успешен епилог на процесот за почеток на преговори за членство во ЕУ, односно изнаоѓањето решение со Република Бугарија, понатаму, справувањето со КОВИД-19 пандемијата и се разбира глобалната енергетска криза“, се вели во владиното соопштение за средбата.

Лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак, коментира дека новата коалиција во која влезе и Алтернатива ќе има краток век на траење од неколку недели.  Мицкоски вели дека ќе ги искористи сите механизми за да се организираат предврмени избори што поскоро.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не откри дали ќе го искористи незадовиолство за да почне преговори за фомирање на ново мнозинство.