Ќе се спаси седиштето на ВМРО-ДПМНЕ од конфискација – Талир 2 пред застарување
Измените на Кривичниот законик на чекор да го спасат ВМРО-ДПМНЕ од конфискација на партиското седиште, а екс премиерот Груевски од уште една пресуда.
Вишото јавно обвинителсто денеска од Апелациониот суд побара да ја укине првостепената пресуда за Талир 2, предметот да се врати на повторно судење на кое во предвид треба да се земат измените на Кривичниот законик со кои ќе се утврди апсолутна застареност на кривичните дела.
Со оваа пресуда Груевски беше осуден на 6 години затвор, поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Божиновски доби условна казна, а судот донесе решение да се конфискува партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе штабови низ државата.
Но според вишото обвинителство првостепената пресуда е неразбирлива и од истата не може да се утврди какви својства превзеле обвинетите.
Кривичното дело за кое се осудени обвинетите повеќе не постои во Кривичниот законик вели и одбраната.
„Она што во овој предмет конкретно е дополнителен момент е тоа што во овој дел има и декриминализација на дејствијата кои што им се ставаат на товар. Тоа е искористување на службената положба која повеќе не стои во одредбата на членот 353. Таму се сега пречекорување и неизвршување“, вели Еленко Миланов адвокат
Слично решение за застарување второстепениот суд се оечкува да донесе и за предметот ТНТ за уривање на објектот Космос, по јавната седница која се одржа пред две недели.
Измените на кривичниот законик досега го застареа преметот за прислушувањето „Таргет Тврдина“, како и предметите Траекторија, Титаник 2, Моќник.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
