Ким Џонг-ун најави дополнително јакнење на воените капацитети на Северна Кореја

Северна Кореја планира до крајот на годината да распореди нова артилерија, односно самоодни хаубици, долж границата со Јужна Кореја, објави денеска севернокорејската агенција КЦНА.
Според агенцијата, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун посети фабрика за муниција и изврши увид во производството на нов тип самоодна хаубица од 155 милиметри, наменета за единиците на далекуметната артилерија распоредени долж јужната граница на земјата, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.
Државните медиуми наведуваат дека новото оружје има дострел поголем од 60 километри, што би значело дека Сеул може да се најде во дострелот на севернокорејската артилерија од пограничните позиции. КЦНА пренесе и дека Ким повикал на дополнително јакнење на воените капацитети на земјата во текот на 2026 година.
Во одделен извештај, агенцијата наведе дека Ким го посетил разурнувачот „Чое Хјон“ од 5.000 тони за да ги надгледува пробните маневарски тестирања пред неговото ставање во оперативна употреба.
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
