Киев се заканува дека со напади на дронови целосно ќе го изолира Кримскиот Полуостров

Украинскиот министер за одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев има зацртано цел преку напади со беспилотни летала врз руските линии за снабдување целосно да го изолира анектираниот полуостров Крим.
„Изгледа дека наскоро Крим ќе се претвори во остров“, рече Федоров во интервју за јутјуб-каналот „Пресинг“.
Според него, нападите врз транспортните и логистичките правци отвориле „прозорец на можности“ за Украина.
„За Русите започнува пекол со кој многу тешко ќе можат да се справат“, изјави тој.
Федоров оцени дека нарушувањето на снабдувањето на руските сили веќе директно влијае врз бројот руски напади на фронтот.
Осврнувајќи се саркастично на популарноста на Крим како туристичка дестинација меѓу руските посетители, тој рече дека годинава на полуостровот главно ќе пристигнуваат „нашите дронови“.
Федеров кој ја презеде функцијата во јануари, нагласи дека Министерство со кое раководи набавило повеќе беспилотни летала во првите четири месеци од годинава отколку во текот на целата мината година.
Русија го анектираше Крим во 2014 година, а во меѓувреме претендира и на други украински територии.
МИА
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
