Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА

Шансите на Мохамед Бен Сулајем да биде реизбран за претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) се зголемија, откако денеска Шпанецот Карлос Саинц постариот (63) ја повлече својата кандидатура за челното место во ФИА.
„Со оваа порака, јавно потврдувам дека конечно решив да не се кандидирам за претседател на ФИА на овогодинешните избори“, објави Саинц на социјалната мрежа Икс.
„Работев напорно во текот на изминатите месеци за детално да ја разберам ситуацијата во ФИА и барањата и сложеноста што доаѓаат со еден толку важен проект. Откако темелно размислив, дојдов до заклучок дека сегашните околности не се идеални за поставување темели за мојата кандидатура“, додаде поранешниот двократен светски шампион во рели, четирикратен победник на Дакар и татко на истоимениот возач на Вилијамс во Формула 1.
Во моментов нема друг кандидат освен Бен Сулајем, кој ја води ФИА од декември 2021 година, кога го наследи Жан Тод.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
