-->
-->
Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола
-->

Канада синоќа соопшти дека ќе воведе привремена забрана за влез на нејзина територија за државјани и жители на Демократската Република Конго, Уганда и на Јужен Судан, како мерка поврзана со епидемијата на ебола во Африка.
Забраната ќе важи 90 дена, почнувајќи од денес, со цел да се намали ризикот од внесување и ширење на вирусот ебола во земјата, соопшти канадската Влада.
Светската здравствена организација претходно го зголеми нивото на ризик од ширење на сојот „Бундибугјо“ на ебола, предупредувајќи дека постои „многу висок“ ризик тој да прерасне во национална епидемија во ДР Конго. Организацијата исто така прогласи вонредна состојба со меѓународен карактер за Уганда.
Воведување слични мерки планираат и властите на Бахамите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
