ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата

По повод 13 Септември – Светскиот ден на сепсата, ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ традиционално 7 – ма година организира серија едукативни и стручни настани посветени на подигнување на јавната и професионалната свест за превенција, рано препознавање и навремен третман на оваа животозагрозувачка состојба.
Програмата за одбележување ги опати следните активности:

Во неделата на 13 септември се одржа едукативен пикник на хелиодромот на ГОБ „8-ми Септември“. Настан од отворен карактер наменет за граѓаните, каде медицинскиот тим на ГОБ „8-ми Септември“сподели клучни информации за симптомите на сепсата, нејзината превенција и важноста од брза реакција.
Вчера во просториите на болницата се одржа стручен симпозиум.

Акредитиран од лекарска комора. Научен и стручен собир кој ги обедини медицинската фела со цел размена на искуства, најнови медицински протоколи и подобрување на клиничката пракса во третманот на сепсата.

Како што информираат од ГОБ „8-ми Септември“ целта на овие активности е да се подигне свеста за борба против сепсата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
