Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја

Јужна Кореја ќе ја помести линијата за цивилна контрола што се протега паралелно со воената граница со Северна Кореја, со што ќе ја намали зоната што е под режим на ограничен пристап за цивили.
Како што соопшти јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак, таканаречената линија за цивилна контрола во моментов се наоѓа на околу десет километри јужно од демаркациската гранична линија, воспоставена по завршувањето на Корејската војна (1950-1953). За влез во зоната е потребна дозвола од воените власти.
Министерот за одбрана Гју-бак изјави дека промената ќе ја доближи линијата за цивилен пристап во просек на околу шест километри од воената демаркациска линија. Тој посочи дека мерката е одговор на долгогодишните барања на локалното население и е овозможена благодарение на подобрената одбранбена подготвеност на земјата.
Според медиумските извештаи, во таа зона живеат околу 20 илјади луѓе, додека многумина други редовно влегуваат во областа за земјоделски активности или работа, но со претходно одобрение од надлежните служби.
Министерството за одбрана најави и дополнителни мерки за олеснување на ограничувањата во пограничните подрачја, вклучително и поедноставени процедури за пријавување на употребата на дронови за земјоделски цели.
Либералната влада на претседателот Ли Џе-мјун кој стапи на должност минатата година, презеде повеќе чекори насочени кон намалување на тензиите со Северна Кореја. Сепак, Пјонгјанг и натаму задржува непријателски став кон својот јужен сосед.
Ново на Сител
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
