Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, прогласи вонредна состојба поради пожарот што веќе неколку дена гори во приватна ладилна хала во населбата Бојл Хајтс, предизвикувајќи загриженост за квалитетот на воздухот и јавното здравје.
„Градот и округот отворија простории за семејствата што бараат засолниште од чадот и ќе продолжиме да работиме деноноќно за целосно да го изгаснеме пожарот“, изјави Бас.
Пожарот избувна во средата, по што властите издадоа предупредувања до жителите во околината да останат во своите домови поради опасно загадување на воздухот.
На граѓаните им беше препорачано да ги затворат прозорците, вратите и вентилационите отвори, да ги исклучат климатизациските системи и да се преместат во највнатрешните простории заедно со своите домашни миленици.
Шефот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Хаиме Мур, изјави дека екипите веќе ги ставиле под контрола ризиците поврзани со опасни материи и сега се справуваат со последиците од биолошко загадување.
Според него, во складот се чуваат околу 38 милиони метрички тони замрзнати прехранбени производи.
„Поради конструкцијата на зградата, видливоста внатре е нулта и за пожарникарите е исклучително тешко да влезат и да почнат со преместување на палетите“, рече Мур.
Со прогласувањето на вонредната состојба, градоначалничката побара пристап до средства за обновување согласно Законот за помош при катастрофи на државата Калифорнија и повика на забрзано одобрување на државни ресурси и програми за поддршка.
Според Бас, главен приоритет останува заштитата на здравјето на жителите и спречувањето на можни еколошки штети.
„Станува збор за превенција. Станува збор за заштита на јавното здравје“, изјави таа.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
