-->
-->
Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
-->

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл, на трет последователен натпревар во НБА-лигата.
Во натпреварот одигран ноќеска на гостински терен против Њу Орлеанс пеликанс (125:118), Србинот постигна 28 поени, 11 скока и додаде 12 асистенции.
Во претходниот натпревар против Чикаго булс (127:130), Јокиќ постигна 36 поени, 18 скока и додаде 13 асистенции. Во натпреварот со Минесота тимбервулвс (123:112), тој имаше 27 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Јокиќ одигра 14 натпревари оваа сезона, со просек од 29,1 поен, 13,2 скока и 11,1 асистенции.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
