Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
До почетокот на новата учебна година ќе бидат поделени милион ипол учебници со што целосно ќе се обнови фондот на книги во училиштата. Додека учениците од прво до трето одделение веќе ги добиле своите материјали во април и мај, масовната дистрибуција за сите одделенија почнува од следната недела. Во ера на вештачка интелигенција Македонија се уште се радува на навремено доставени хартиени учебници. Овој парадокс денеска го призна и премиерот кој заедно со министерката за образование објавија дека повеќегодишниот срам со недостиг на книги конечно е надминат преку ново системско решение.
И проблемот со цените е решен, нема повеќе договарање зад затворени врати.
Зад новиот систем стои база од над 800 универзитетски професори и наставници кои ги рецензираат материјалите. Дека процесот е конечно стандардизиран говори и фактот што македонските учебници годинава патуваат и кај нашите ученици во Токио, Лондон, Виена,САД.
Околу 16 500 ученици ќе брои новата генерација средношколци. Оваа бројка се очекува да се заокружи по завршувањето на вториот уписен рок на кој се очекува да се запишат уште околу2 000 деветоодделенци.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
