Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат

Градоначалникот на Општина Кавадарци вечерва преку објава на својот профил на „Фејсбук“ информираше дека пожарот во селото Раец е целосно изгаснат.
Во својата објава, тој упати искрена благодарност до сите кои беа вклучени во гаснењето на пожарот, истакнувајќи ја нивната пожртвуваност, координација и несебична ангажираност во справувањето со огнената стихија.
„По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат.
Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија.
Упатуваме искрена и огромна благодарност до ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Општата болница Кавадарци, Шумско стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, ОВР Кавадарци, Гранична полиција – Југ, доброволните противпожарни друштва, како и на сите доброволци и жители од с.Раец и с.Дреново, кои на различни начини помогнаа во справувањето со пожарот.
Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба.
Благодарност до сите што дадоа свој придонес. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици.“
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
