Извештај на ИЈЗ: Охридското Езеро се загадува со објекти кои не се приклучени на колекторскиот систем
Во Охридското Езеро се испуштаат фекалии но тоа не влијае на квалитетот на водата. Хотели, туристички населби, приватни куќи со септички јами, шанкови поставени на брегот, испусни цевки за собирање на атмосферски води и автокампови го загадуваат езерото. Колекторскиот систем кој не го покрива целото крајбрежје, објекти кои цевките со отпадна вода директно ги насочуваат кон езерото, како и мешањето на атмосферската и фекалната канализација се „тивки“ уништувачи на и онака загрозениот еко-систем.
Од Институтот за јавно здравје велат дека станува збор за езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода и голема водна маса со способност за самопречистување.
Иако податоците и испитувањата на водата е со задоволителен квалитет за капење, а на најголем дел од плажите е оценета како одлична, сепак одредени забелешки од извештајот укажуваат од потребата за итно преземање на мерки за заштита на езерoто.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
