-->
-->
Ивановски 779-ти во светот
-->

По солидниот настап на јуниорскиот турнир во Вимблдон, македонската тениска надеж Калин Ивановски го забележа и првиот успех во сениорска конкуренција што го искачи на 779-тото место во светскиот тенис.
Ивановски за првпат во кариерата освои сениорски турнир откако триумфираше на ИТФ серијата во Тунис.
Македонскиот тенисер со тоа направи скок од цели 310 места во светскиот тенис и сега меѓу најдобрите 800-тини што е негов најдобар пласман.
Победата во финалето против Азис Кијаметовиќ со 2-1 во сетови му донесе нови 15 поени кои се особено вредни бидејќи Ивановиќ одигра неколку тешки мечеви во кои го губеше првиот сет но успеваше да се врати и да победи.
Да потсетиме на чело во светскиот тенис е Русинот Медведев пред Зверев и Рафаел Надал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
