Македонија
24. јуни 2026 - 21:10

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч

Доколку немате 18 години, нема да може да возите електричен тротинет. Брзината пак ќе биде ограничена на 20км/ч. Доколку не ги почитувате правилата тротинетот може да ви биде одземен 30 дена. Новите предлог законски измени по итна постапка утре ќе се најдат во собраниска комисија, а до утре или задутре веќе треба и да бидат изгласани во Собранието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која е и предлагач на измените Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велат можеби мерките се поригорозни меѓутоа за две години над 2.000 сообраќајки биле со тротинети и електрични мопеди, а 46 лица загинале токму од несреќи од овие возила. Од повредените, најголемиот дел биле малолетни деца.

Честа пракса низ улиците е да се видат по двајца или тројца како се возат на еден тротинет, возат и со преголема брзина, а во многу случаи интервенира и брзата помош. Затоа доколку се сторат овие пекршоци, покрај казна ќе биде и привремено одземен тротинетот. 

Статистиката на МВР покажува дека во првата половина на 2026-та има над 30 сообраќајки со електрични тротинети.