Искршени врати, компјутери, смарт табли - Вандализирано ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, над 1.100 ученици нема да имаат настава

Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е причина што денеска нема редовна настава за над 1.100 ученици во ова училиште, кое се наоѓа во централното градско подрачје во Штип, потврди во изјава за медиумите директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев. Уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични пораки.
Тој истакна дека е направена голема материјална штета во кабинетите за предметна настава. Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол околу полноќ.
- Лицето влегува од страна на фискултураната сала, таму се задржува извесно време, не сакам да дадам колку време, бидејќи не сакам да дадам неточен податок. Потоа влегува во просториите каде што се учениците, каде се одвива наставата. Штетата е нанесена во делот од преметна настава, во поголемиот дел од кабинетите. Штетата е материјална проценката се уште трае и увидот. Нанесени се содржини со спреј на ѕидовите, на клупите, смарт табли, на таблите во училниците. Се работи за голема материјална штета- вели Радев.
Потврдува дека вандалскиот чин го сторило едно лице, според она што безбедносните камери во училиштето го имаат регистрирано.
- Една камера е испрскана со спреј. Но и самата таа камера додека трае тоа покривање на камерата со спреј го снима, во неколку пати се обидува, таа е високо посатвена за конечно да успее- рече Радев.
Тој истакна дека штетата е направена на катовите, каде што се одвива предметната настава за учениците од петто до деветто одделение.
- На приземјето нема штета, барем се уште не сме забележале, освен обивањето кое е на приземјето. Направена е штета на мал дел од првиот и на вториот и третиот кат- посочи Радев.
Тој се надева дека во наредните три дена ќе се адатпираат предметните кабинети за настава во училиштето, со што од понеделник би почнала редовната настава, за што дополнително ќе бидат известени родителите и учениците. Од раните утрински часови се одвива увидот од страна на истражните органи. Ова е прв ваков упад и вандалски чин во најголемото централно училиште во Штип.
МИА
Ново на Сител
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
-

Зеленски бара објаснување за рускиот предлог за прекин на огнот
-

Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
