ИСИЕ: Три пријави во три години за корупција во јавните претпријатија од укажувачи
Само 3 јавни претпријатија во последните три години имаат добиено пријави за корупција од укажувачи.
Овој податок од проектот кој го спроведе Институтот за стратешки истражувања и едукација покажува дека јавните претпријатија се соочуваат со потешкотии при постапување со пријави за корупција преку Законот за заштита на укажувачи.
Од јавни претпријатија кои немаат ниту просторни ниту технички ресурси, па се до претријатија кои не знаат колку членови брои нивниот управен одбор.
Директорите на 36 јавни претпријатија од скопскиот, полошскиот, пелагонискиот и источниот плански регион денеска потпишаа декларација со која се обврзаа на транспарентност и отчетност со цел да се поттикне пријавувањето корупција.
Проектот поттикнување на овозмувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија ИСИЕ го спроведува со поддршка од Амбасадата на САД.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
