Иран со сериозни забелешки на некои потези на САД, но не ја исклучува можноста од нова рунда преговори

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа упати нови обвинувања кон Соединетите Американски Држави, но не ја исклучи можноста за нова рунда преговори.
„Провокациите, заканувачката реторика и континуираните прекршувања на примирјето од страна на САД, особено нападите врз ирански трговски бродови, претставуваат значајна пречка за продолжување на дипломатскиот процес“, изјави Арагчи во телефонски разговор со неговиот пакистански колега, притоа истакнувајќи дека „Иран внимателно ќе ги разгледа околностите и потоа ќе одлучи за понатамошните чекори“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи претходно на прес-конференција во Техеран изјави дека земјата се уште нема донесено одлука за понатамошни преговори со САД.
„Засега не е планирана нова рунда разговори“, рече тој.
Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, го повикал Арагчи што поскоро да биде обновен дијалогот, со цел да се унапредат мирот и стабилноста во регионот, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи по разговорот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека, пред истекот на примирјето в среда, повторно ќе испрати делегација во Исламабад на преговори.
Американска делегација „наскоро“ треба да отпатува за Исламабад, соопштуваат извори блиски до американската администрација упатени во прашањето.
Првата рунда разговори меѓу високи претставници од Вашингтон и Техеран се одржа во Исламабад пред нешто повеќе од една недела, но заврши без конкретни резултати.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
