Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
Политичката влада на Радев во Бугарија ги размрда и македонските пратенички групи. И власта и опозицијата гледаат шанса за нови, вистински разговори со официјална Софија. Сепак, народните избраници од двата блока имаат различни ставови што треба да се испорача кон ЕУ.
Од мнозинството велат дека се подготвени да кренат рака за реформските закони, но за уставните измени, кои се дел од преговарачката рамка, сè уште важи условот за гаранции од Бугарија. Сметаат дека дел од проблемот е и самата опозиција, која не подава рака за национален консензус.
Лидерот и пратеник на опозициската СДСМ, Филипче, пак, и вчера на Сител го повтори нивниот план: прво уставни измени за брз влез во Унијата, што би значело подобра позиција во односите со Бугарија. Тој ја обвинува власта дека е главниот проблем за конечните евроинтеграции.
Од Европскиот фронт на ДУИ велат дека домашните реформи се наша задача, но потенцираат дека и Бугарија има обврска да гради добрососедски односи.
Вчера и собранискиот спикер Гаши посочи дека постапката за уставни измени е полесниот дел од процесот, но дека не можат да се случи без политички договор со Бугарија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
