Свет
15. јуни 2026 - 8:22

Иран потврди итен и траен прекин на воените дејствија со САД

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, потврди за иранската државна телевизија дека од ноќеска стапува во сила итен и траен прекин на војната и на воените операции на различните фронтови.

Тој додаде дека преговорите за конечен договор ќе се водат во текот на 60-дневен период и предупреди дека Техеран ќе преземе мерки во случај на „прекршувања од другата страна“.

Постигнатиот договор рано утринава беше објавен од Пакистан, кој посредуваше меѓу САД и Иран, а потоа беше потврден и од американскиот претседател Доналд Трамп.

Во меѓувреме, иранската државна телевизија емитуваше банер со пораката: „САД беа принудени да потпишат договор за крај на војната“.

 

МИА