Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“.
Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила.
Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски, и втора од Левица. Интерпелација за неговата работа имаше поднесено и ДУИ.
МИА
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
