Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
Обидот за палење на Синагогата во Скопје веќе не се третира само како изолиран вандалски чин туку како сериозен сигнал за можно прелевање на тензиите од Блискиот исток. Состојбата со Иран и глобалниот бран на радикализација ја ставаат Македонија во состојба на зголемена будност. Првиот човек на НАционалниот комитет за спречување радикализација предупредува дека таргетот не е само една верска заедница.
Искуствата на безбедносните служби покажуваат дека модерните радикали не се регрутираат во запуштени подруми, туку на интернет. Социјалните мрежи станаа главниот канал за ширење омраза и планирање напади. Новиот закон ќе овозможи пресретнување на овие комуникации и ќе биде нов тип на дигитален штит.
Со 140 повратници од странските боишта и постојан притисок од глобалните случувања, безбедносната архитектура на земјава е пред најсериозниот испит досега. Ќе остане ли изолиран случај или пак обидот за палење на Синагогата „Бет Јаков“ е само првата точка на мапата на ризикот.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
