Има ли надеж за автопатот Кичево - Охрид
Се уште неизвесно кога ќе биде готова историската автопатска делница Кичево –Охрид.Трасата на автопатот во изградба ќе претрпи ново проектирање и решенија најави министерот за транспорт Бочварски ,додавајќи дека договорите со Синохидро за роковит и новите постапки се во тек .
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Рустеми истакна дека ова е типичен пример како во нашата држава е реалзииран еден лош проект за кој кажуваат и експертите и државниот завод за ревизија .
Граѓаните ќе мора да почекаат уште „некоја“ година за современ пат .Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, за по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена да достигне 598 милиони евра. Сите досегашни рокови се пробиени, а завршувањето на проектот се уште нe е ниту на повидок.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
