ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување

Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ги имате примено сите рутински вакцини, а доколку ви се потребни дополнителни информации, консултирајте се со матичниот лекар или со надлежниот Центар за јавно здравје, стои во препораките за заштита на здравјето при патување кои на својата веб страница денеска ги објави Институтот за јавно здравје, имајќи предвид дека летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода.
Задолжително треба да земете лековите кои редовно ги користите, средства за прва помош, антипиретици и аналгетици, лекови за гастроинтестинални тегоби, средство за дезинфекција на раце, репелент против инсекти, крем за сончање со заштитен фактор СПФ 30 или повисок и здравствена документација и полиса за патничко здравствено осигурување (доколку поседувате).
За заштита од инсекти нанесувајте репеленти (средства кои ги одбиваат комарците), особено доколку патувате во подрачја каде има ризик од заболувања што се пренесуваат преку комарци. Се препорачува употреба на репеленти на база на DEET (30–50%) или икаридин (icaridin/picaridin) кои треба да се нанесуваат на непокриените делови од кожата, да се избегнува контакт со очите, носот и устата. Средствата кои ги одбиваат комарците може да се користат во секој период од денот, и во затворен и на отворен простор, строго според упатството на производителот, особено по капење, пливање или интензивно потење. Ако користите и крем за сончање, најпрво нанесете го него.
Бремени жени, доилки и деца треба да користат само средства кои ги одбиваат комарците кои се наменети и одобрени за овие категории и секогаш да се следат упатствата за употреба, ако патувате во тропски или суптропски подрачја, земете доволна количина за целото времетраење на патувањето. Носете светла, лесна и облека од природне материјал (памук, лен) со долги ракави и ногавици, како и затворени обувки и чорапи кога условите го дозволуваат.
Комарците кои пренесуваат денга, чикунгуња и зика се најактивни во текот на денот, особено во раните утрински и доцните попладневни часови, додека комарците кои ја пренесуваат маларијата се најактивни од самрак до изгрејсонце. Кога е можно, престојувајте во климатизирани простории или во простории со заштитни мрежи на прозорците и вратите. Доколку спиете на отворено или во простории без соодветна заштита, користете заштитна мрежа за спиење, по можност третирана со инсектицид. Доколку за време на патувањето добиете зголемена телесна температура (38 °C или повисока), осип, силна главоболка, повраќање или други симптоми на заболување, веднаш побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски заболувања можат брзо да напредуваат и бараат навремено лекување.
Доколку планирате капење, пливање, нуркање или пловење, користете само уредени и означени капалишта каде квалитетот на водата се следи согласно здравствените стандарди, избегнувајте капење во води со видливо загадување, необична боја, непријатен мирис, присуство на отпад или прекумерен развој на алги, внимавајте да не голтате вода при капење и внимавајте малите деца да не внесуваат вода во устата, по капење, истуширајте се со чиста вода и измијте ги рацете пред јадење, доколку имате отворени рани или оштетувања на кожата, избегнувајте капење во природни водни површини,
почитувајте ги предупредувањата и препораките на надлежните служби за безбедност на капалиштата,
не дозволувајте деца да престојуваат покрај вода без постојан надзор, при пловење задолжително користете спасувачки елек, избегнувајте капење во реки, езера и други слатководни површини во земји каде има ризик од заболувања како шистозомијаза и лептоспироза.
Доколку во рок од три недели по враќањето имате зголемена температура или други симптоми на заразна болест, задолжително информирајте го вашиот лекар каде и кога сте патувале. Имајте предвид дека доброволното дарување крв може привремено да биде одложено по враќањето од одредени земји, се наведува во препораките од Институтот за јавно здравје.
МИА
Ново на Сител
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци | ВИДЕО
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
