ИЈЗ: Нови содржини на апликацијата „Беббо“ во рамки на Светската недела на доењето

Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат лесен пристап до сигурни и научно - засновани информации за здравјето и развојот на децата. Во рамките на Светската недела на доењето, апликацијата е дополнета со нови содржини, соопштија денеска од Институтот.
Новите содржини на апликацијата вклучувале прашалник за родители - „Доење: практики, искуства и потешкотии“, информации за штетното влијание на пушењето, алкохолот и дрогата при доење, совети за млечните заби и првата посета на стоматолог, информации за инфо-линијата за откажување од пушење при доење, како и едукативни содржини за здрав раст и развој на детето.
- Апликацијата „Беббо“ е создадена за да биде сигурен партнер на родителите - од бременоста, па сè до раното детство. Знаењето и информираноста е најдобрата поддршка за секое семејство - се додава во соопштението на Институтот.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
