ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска објави прогноза според која глобалното производство на нафта во 2026 година ќе падне за 3,9 милиони барели дневно, на околу 102,2 милиони барели дневно, а пресметката се заснова на очекувањето дека транспортот низ Ормуската Теснина постепено ќе се нормализира од јуни.
Глобалното производство на нафта во април падна за дополнителни 1,8 милиони барели дневно на 95,1 милион барели дневно, со што вкупните загуби од февруари достигнаа 12,8 милиони барели дневно, наведува ИЕА.
Земјите од Персискиот Залив сега произведуваат околу 14,4 милиони барели нафта дневно помалку отколку пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, се додава во извештајот за мај.
Според прелиминарните податоци, светските резерви на нафта се намалени за 129 милиони барели во март и дополнителни 117 милиони барели во април. Агенцијата предупредува дека пазарот во моментов се соочува со рекордно повлекување на резервите поради нарушувањата во поморскиот транспорт и намалениот извоз од земјите на Блискиот Исток.
Оваа година се очекува и пад на глобалната побарувачка за нафта и тоа за 420.000 барели дневно на вкупно 104 милиони барели дневно, што е за 1,3 милиони барели помалку во однос на прогнозите пред почетокот на војната. Најголем пад се очекува во вториот квартал на 2026 година, кога глобалната побарувачка би можела да биде пониска за 2,45 милиони барели дневно во однос на истиот период минатата година, се наведува на веб-страницата на ИЕА.
Агенцијата наведува дека во моментов најмногу се погодени петрохемискиот и авио-транспортот, додека растот на цените на нафтата, забавувањето на глобалната економија и мерките за заштеда на енергија би можеле дополнително да ја намалат потрошувачката на гориво во текот на годината.
Во извештајот се предупредува дека светскиот пазар на нафта веројатно ќе остане во дефицит до крајот на третиот квартал на 2026 година, додека зголемената побарувачка за гориво во текот на летната сезона би можела да влијае врз цените на енергенсите.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
