И по осум години потрага по правда за убиството во Охрид на Нова година
Мајката на убиениот Димитар Матилоски од Охрид сеуште бара правда .И после 8 години од убиството на Новогодишната ноќ српскиот турист Бојан Угреновиќ кој е осуден за кривичното дело убиство на казна затвор во траење од 16 години и распишаната меѓународна потерница сеуште е на слобода.
Пензионираната учителка Драгица, се сомнева на низа пропусти во судскиот процес а не е покрената ниту граѓанска постапка за оштета на семејството, кое со тие пари сакаше да изгради спомен чешма на која ќе пишува стоп на насилството.
Првичната казна за Угреновиќ беше 16 години, но Битолска апелација два пати ја преполовуваше на осум. По поднесената жалба, Врховниот суд Угреновиќ повторно го осуди на 16 години, но во отсуство. 26 годишниот Димитар Матилоски беше претепан на смрт на Новогодишната ноќ во Охрид во 2016 година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
