Македонија
17. August 2023 - 12:16
Хотам: Викенд становите во охридско-струшкиот регион се нелојална конкуренција во туризмот
Викенд-становите на охридско струшката ривиера кои немаат направено категоризација за сместување им ги земаат гостите на станоиздавачите кои егзистираат од туризмот. Од Хотам велат дека наместо во станбени згради потребно е да се инвестира во хотелски капацитети. Според слободните проценки во двата крајезерски града има околу 40 000 викенд станови, кои во текот на годината се празни.
Ваквата нелојална конкуренција по традиција е присутна во текот на изминатите неколку години.
И од двете општини се децидни дека освен на регистрираните станоиздавачи и сите оние кои се занимаваат со туристичка дејност, викенд становите му нанесуваат голема штета и на локалните, бидејќи сместуваат гости за кои не плаќаат туристичка такса.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
