Македонија
28. јуни 2023 - 12:19

ХОТАМ ќе бара одговорност ако до 10 јули не завршат градежните активности на влезот во Охрид

ХОТАМ ќе бара одговорност доколку до 10 јули не биде готов патот од Подмоље до Охрид на самиот влез на градот. Дополнителен проблем е и долгата изградба на патот Кичево – Охрид кој е голема кочница  туристичките работници постојано бараат негово завршување, бидејќи патувањето до нашите туристички центри Охрид и Струга е многу долго, тешко и небезбедно.

Туристите особено повратниците кои секоја година доаѓаат со полаки за инфраструктурата и автопатот до Охрид кој сеуште не е завршен.

Инаку градежните работи на влезот од Подмоље до  Охрид министерот Бочварски  најави дека ќе бидат завршени до 10 јули  и дека истите се во насока на развојот на туризмот.