Хорнер: Формула 1 треба да ги спаси тимовите кои се пред банкрот
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека раководството во Формула 1 треба финансиски да им помогне на тимовите кои се изложени на ризик од банкрот заради кризата со коронавирус. Девет стартови на календарот за оваа сезона се одложени или откажани, а се чини веројатно дека во 2020 година нема да има Формула 1, што ќе биде штетно за некои од тимовите во најпопуларната автомобилска трка.
Според Хорнер, сопствениците на Формула 1 – „Либерти Медиа“, ќе треба да се вмешаат за да ги поддржат клубовите.
– Ова може да биде огромен удар за спортот и „Либерти“ ќе мора да интервенира. Тоа е нивниот бизнис, тие треба да решат како ќе ги спасат овие тимови затоа што им требаат тимови за да се натпреваруваат. Мислам дека „Либерти“ ќе стори сé што е во нивни сили, за сите десет екипи да можат да се натпреваруваат следната година. За да ги заштитат своите бизниси, верувам дека ќе платат што е потребно за да се спасат овие тимови, коментира Хорнер.
Во моментов, првиот старт на Формула 1, кој сè уште не е одложен, е француското Гран-при, што ќе се одржи на 28 јуни во близина на Марсеј. Откако претседателот Емануел Макрон на почетокот на оваа недела објави дека карантинот во земјата е продолжен, се чини скоро сигурно дека оваа трка нема да се одржи.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
