„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
„Хероите живеат вечно“ – со едноминутен аплауз во Брвеница беше откриен муралот во чест на Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски, македонски бранители кои загинаа во 2015 година на работна задача, бранејќи ја државата од терористите во Диво Насеље.
Муралот е подарок од здружението „Патриотско друштво“, изработен со средства собрани од македонските патриотски вечери.
На настанот во Брвеница присуствуваа семејствата на загинатите бранители, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, припадници на САЕ Тигар, ЕБР, СВР, поранешни колеги на загинатите бранители, здруженија, како и бројни граѓани кои дојдоа да им оддадат почит на луѓето кои ги дадоа и своите животи за Македонија.
Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека наша света должност е никогаш да не се заборават имињата на Жарко и Сашо, како и на сите други бранители кои го положија својот живот за ние да ја уживаме слободата.
„Сите дадоа по нешто, тие дадоа сè“ – со овие зборови припадник на македонската полиција и колега на Жарко и Сашо го започна своето обраќање, истакнувајќи дека Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата за брзо распоредување со гордост го чуваат споменот на своите загинати припадници и херои.
Самиот настан продолжи во дворот на црквата во Брвеница, каде пред бистите беше положено свежо цвеќе. Министерот, семејствата, припадниците на САЕ „Тигар“, ЕБР, СВР, но и претставници на други здруженија и присутните, положувајќи цвеќе, се поклонија пред нивниот споменик.
Целиот настан во нивна чест заврши со свечено отворање на меморијалниот турнир кој започна со интонирање на македонската химна и минута молчење.
Како што истакнаа од „Патриотско друштво“, човекот всушност вистински умира тогаш кога ќе престанат да го споменуваат. Тие ќе се потрудат Жарко и Сашо секогаш да живеат во спомените и приказните за хероите кои дадоа сè за слободата на Македонија и така, всушност, никогаш да не умрат.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
