Харисон: Не жалам за размената на Дончиќ

Генералниот директор на НБА лигашот Далас, Нико Харисон изјави дека никогаш не зажалил поради одлуката да го испрати словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.
„Не жалам поради трансферот“, изјави Харисон за американските медиуми.
Дончиќ, кој беше лидер на Далас и миленик на публиката во февруари мораше „преку ноќ“ да се пресели во Лејкерс во замена за Ентони Дејвис во шокантен потег во средината на сезоната.
Јавните повици од навивачите Харисон да замине од челното место во раководството на Далас станаа сè погласни во Тексас во последните неколку недели, а тој сега уште повеќе ги налути со тоа што уште еднаш изјави дека размената на Дончиќ е „најдоброто нешто за Далас“.
„Дел од мојата работа е да ги носам најдобрите одлуки за Маверикс, не само сега туку и за иднината. Некои од моите одлуки нема да бидат популарни. Но, тоа е моја работа, морам да го прифатам тоа“, изјави Харисон за CBS News Texas.
Далас вечерва го очекува натпревар во Сакраменто во дополнителните квалификации за плејофот, а доколку загуби, сезоната ќе им биде завршена.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
