Македонија
23. January 2024 - 16:36

Груби обвинува за руско влијание - Ковачевски вели изборите биле одлука дали сме за Истокот или Западот

Од нас зависи каква ја сакаме Македонија, да биде европска или руска – првиот вицепремиер Груби обвини дека сите предизвици со кои се соочуа Македонија е поради руското влијание во земјава. Обраќајќи се на конференцијата „Година на европски можности“ повика обединување на европскиот фронт посочувајќи дека  руските елементи и експоненти прават се за да им наштетат на прогресивните сили во Македонија и во пресрет на изборите.

По Груби и премиерот Ковачевски вели дека овие избори нема да бидат избори помеѓу левицата и десницата, туку ќе бидат избори на кои ќе се одлучува дали ќе бидеме за Западот и Истокот. Вели сега не било време за поделби, но не требало да им се дозволи на кочничарите да ја однесат државата во друга насока, освен од патот кон ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ пак вели европската машина била запалена, од нас зависело дали ќе продолжи да работи.Очекувал земјите членки набрзо да дадат зелено светло за планот за раст и тој веднаш да се имплементира, што ќе ги потврдело заложбите на Брисел за интеграцијата на Балканот.

Министрите од владата на преку 7 панел дискусии два дена на годишна конференција дебатираат околу она што досега е сработено , но и за предивиците пред кои ќе биде исправена Македонија годинава.