Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.
Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. Вкупните кредити се зголемени за 0,9 проценти месечно и 13,5 отсто годишно. Најголем придонес има корпоративниот сектор, но раст е забележан и кај домаќинствата.
Корпоративните депозити се намалени месечно, поради пад на краткорочните депозити и депозитните пари, додека долгорочните депозити во денари се зголемени. Годишно, корпоративните депозити се зголемени.
-Во септември 2025 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 2 проценти, под влијание на намалените краткорочни депозити и депозитните пари, во услови на зголемување на долгорочните депозити во денари. На годишна основа е забележан раст од 12,8 отсто, во најголем дел како резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити, се наведува во соопштението на Народна банка.
Кај домаќинствата, депозитите се зголемени за 1,2 проценти месечно, а годишно за 13,6 отсто, со најголем придонес од депозитните пари и долгорочните депозити во денари.
Кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 1 процент и годишен од 10,8 отсто, со поизразен раст кај кредитите во денари.
Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 10,2% и 16,1%, соодветно. Автомобилските кредити растат месечно за 1,3 процент, но годишно се намалени за 0,6 отсто. Кредитите одобрени преку кредитни картички се намалени за 0,3 проценти месечно и 6,7 отсто годишно.
Паричната маса бележи благо намалување од 0,1 проценти на месечно ниво. Намалувањето е резултат на падот на готовите пари во оптек и краткорочните депозити, и покрај растот на долгорочните депозити и депозитните пари.
На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 13,5 отсто, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, додека пак вкупните депозити во септември се зголемени за 0,3 проценти месечно, поттикнати од растот кај домаќинствата, додека корпоративниот сектор бележи пад.
МИА
Ново на Сител
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
-

Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите
-

Трамп: Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во состојба на колапс
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
