Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор - Биљана Ангелова и Дарко Данев.
-Врз основа на член 175, алинеја 10, членовите 180 и 181 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје („Универзитетски гласник" бр. 425/2019) и глава Г), точка 6 од Упатството за постапката за избор на ректор, Универзитетската изборна комисија на 7. седница одржана на 28.4.2026 година, ја донесе следната Одлука за утврдување на избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во мандатниот период од 16 септември 2026 година до 15 септември 2029 година. Според доставените резултати од страна на изборните комисии (ИК), од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во мандатниот период од 16 септември 2026 година до 15 септември 2029 година е избран/а: проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, се наведува меѓу другото во Одлуката на Комисијата.
Мандатот на ректорот, нагласува УИК, трае 3 години, почнувајќи од 16 септември 2026 заклучно со 15 септември 2029 година.
- Правата и обврските на ректорот се утврдени со Законот за високото образование, со Статутот и со другите акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се додава во Одлуката.
Против оваа Одлука и Записникот, незадоволните кандидати може да поднесат приговор согласно член 182 од Статутот на УКИМ до Универзитетската изборна комисија во електронска форма на е-адресата: uik@ukim.edu.mk и во архивата на Универзитетот во рок од три работни дена, заклучно со 4.5.2026 година.
Ангелова, како што се наведува во Записникот освоила 2924,125 поени, а д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, освоил 2675,875 поени.
Се гласаше на 23 факултети и на пет института во состав на УКИМ. Гласањето започнало и завршило во предвиденото време, а според доставените записници и извештаи на Изборните комисии на единиците, не се констатирани неправилности и проблеми.
- Гласањето во целост е спроведено во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. За време на процесот на гласање на дел од единиците беа присутни овластените набљудувачи од еден кандидат за ректор. Според Избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1.434 гласачи, се наведува во Записникот.
На денот на гласањето, за избор на ректор гласале 1.286 члена на Наставно-научните/Научните/Наставно-научните и уметнички совети. По извршеното гласање 148 гласачки ливчиња се неискористени и 59 се неважечки.
На веб-страницата на УКИМ минатиот вторник беа објавени програмите за работа на двајцата кандидати за ректор и нивните биографски и библиографски податоци.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
