Македонија
20. July 2023 - 12:39
Градските власти во Охрид апелираат за рационално користење на водата за пиење
Рационално да се користи водата за пиење, во главниот туристички центар. Во екот на сезоната кога потрошувачката е зголемена реагираат граѓани за недостиг на вода за пиење или намален притисок во одредени делови од градот па од ЈП Водовод со апел водата да се користи исклучиво за пиење а не за наводување на земјоделски површини.
Во населените места каде има земјоделски површини со зголемените температури се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и насади.
Од Водовод посочуваат дека во летниот прериод, главен акцент е биде ставен на непречено функционирање на водоводната мрежа но и подигнување на свеста и кај охриѓани и кај туристите да не се злоупотребува водата за пиење.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
