Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.
Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 87 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 89 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 поевтинува за 6 денари и од утре ќе чини најмногу 92,50 денари за литар.
Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 2,881 денар за килограм и ќе изнесува 43,538 денари за килограм.
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
