-->
-->
Ѓоковиќ тренира како „луд“ и затоа е најдобар!
-->

Горан Иванишевиќ, тренерот на рекетот број пет во светот, Новак Ѓоковиќ, раскажа како српскиот тенисер успева да се претстави на високо ниво.
„Тренира уште понапорно отколку кога имаше 22 години. Затоа е сè уште толку добар и затоа ќе биде уште подобар. Неговата желба да тренира, да се подобрува, да биде подобар е неверојатна“, изјави Иванишевиќ за „Експрес“.
Оваа сезона 35-годишниот Србин по 6-ти пат во кариерата го освои финалето на АТП, повторувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер на овој турнир. Вкупно Ѓоковиќ има 21 Грен слем титула, 38 Мастерс титули и 91 АТП титула во сингл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
