Ѓоковиќ се заблагодари за поддршката
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи вчера прв пат откако пристигна во Австралија по што пограничните власти му ја одбија визата и го сместија во хотел во Мелбурн.
Српскиот тенисер испрати честитка по повод православниот Божик и се заблагодари за големата поддршка која му пристигнува од сите страни.
– Христос се роди. Среќен Божик. Сакам да им се заблагодарам на семејството, на Србија и на сите добри луѓе ширум светот, кои ми испраќаат пораки со поддршка. Ја чувствувам поддршката и исклучително ја ценам, напиша покрај другото Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.
Тој во средата допатува во Мелбурн, но не му беше дозволен влез во Австралија, откако надлежните служби му ја одбија визата и не ја прифатија како релевантна понудената медицинска потврда со која тенисерот се ослободува од вакцинирање против коронавирусот.
Ѓоковиќ требаше да биде депортиран, но тоа нема да се случи до понеделник, бидејќи неговиот адвокатски тим поднесе жалба на одбиената виза.
Тој сакаше да настапи на Австралија Опен и да се обиде по десетти пат да триумфира во Мелбурн и со тоа да ја освои рекордната 21 грен – слем титула во кариерата.
Ново на Сител
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
