Гир со апел до пратениците да побрзаат со уставните измени поради можно забрзување на проширувањето
Не губете време и сменете го Уставот бидејќи Брисел можеби ќе го забрза процесот на проширување поради состојбите во Украина. Вели, со сменет Устав но и спроведени реформи може да се надеваме на европска иднина
Но токму отсуството на реформи во Македонија се клучна причина поради која земјава и натаму чека напредок во интегративниот процес, смета опозицијата чиј потпретседател вчера во Детектор потенцираше дека треба да се посветиме на внатрешно реформирање, за да може притисокот да се префрли врз Софија. Промена на Уставот за опозицијата не е опција
И граѓаните се против промена на Уставот. Анкетата на Детектор покажа дека над 56% од анкетираните не се согласуват со внесување на Бугарите во Уставот додека кај етничките Македонци против се дури 72%.
Вицепремиерот задолжен за интеграции вели дека за тоа е виновна опозицијата
И покрај јасното противење на граѓаните и отсуството на поддршка од опозицијата власта и натаму го турка овој процес, во моментов преку работната група која по речи си еден месец од формирање до сега успеа да го донесе само деловникот за работа.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
