Германскиот министер за одбрана го обвини Трамп дека е одговорен за затворање на Ормсуката Теснина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормуската Теснина.
- На крајот на краиштата, Доналд Трамп го стави чепот во Ормуската Теснина, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме, рече Писториус во интервју за германскиот јавен сервис АРД.
Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормуската Теснина, или можноста за безбеден транзит низ неа, е во интерес на Европа, во интерес на снабдувањето со енергија и економското закрепнување.
Писториус додаде дека секој договор за повторно отворање на теснецот ќе бара поддршка од Иран и Оман.
Иранските власти објавија во саботата дека ја затвораат Ормуската Теснина поради континуираните израелски напади врз јужен Либан, каде што Израелците ги напаѓаат позициите на либанското движење Хезболах, поддржано од Иран.
Трамп денеска се закани дека ќе го нападне Иран ако неговиот сојузник во Либан - движењето Хезболах, со кое Израел е во војна - „продолжи да предизвикуваат проблеми“
МИА
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
