Германија го заживува Берлинскиот процес, нова среба утре во Берлин
Германија го заживува Берлинскиот процес. Утре во Берлин лидерите на 6-те земји од регионот седнуваат на заедничка маса со европските челници како уште една силна поддршка за европската интеграција.
Руско-украинската војна ја потсети Европа дека без овој регион не е целосна, но не е ниту безбедна, вели германската амбасадорка во земјава.
Руската инвазија ја промени цела Европа, а последиците од санкциите кон Москва ги чувствуваат и фирмите и граѓаните. Токму затоа од делегацијата на гермнаското стопанство во земјава велат дека е потребно Европа да дејствува обединето.
Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина беше тема на денешната дискусија која ја организираа фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Делегацијата на германското стопанство и Институтот за демократија.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
