Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. Михаил Цоков бр. 1, секој работен ден од 9 до 15 часот, во рок од два месеци од денот на објавувањето на јавниот повик. Максималниот износ на еднократната парична помош изнесува до 100.000 денари по поднесено барање.
Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување.
-Уште од првиот ден бевме на терен со сите расположливи служби за да им помогнеме на граѓаните во справувањето со последиците од невремето. Паралелно со расчистувањето, подготвивме системско решение за финансиска поддршка на најпогодените. Со објавувањето на јавниот повик започнуваме со конкретна постапка преку која граѓаните ќе можат да аплицираат за еднократна парична помош. Целта е никој да не остане сам во надминувањето на последиците од оваа природна непогода - вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Од Општина Центар велат дека кон барањето потребно е да се приложи документација со која се докажува настанатата штета, како и останатите документи предвидени во јавниот повик.
Постапката ќе ја спроведе седумчлена комисија составена од претставници на Советот и на општинската администрација. Комисијата ќе ги разгледува пристигнатите барања и ќе предложи висина на финансиската помош согласно утврдените критериуми, расположливите буџетски средства и степенот на оштетеност на објектите.
Целосниот текст на јавниот повик, условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар.
МИА
Ново на Сител
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
