Герапетритис: Грција изразува резервираност во однос на Одборот за мир на Трамп и е во консултации со ЕУ

Во моментов се чини дека речиси едногласно, ставот на Европската Унија, во оваа фаза, е да не се приклучи кон Одборот за мир. Доколку постои ваков заеднички став од страна на ЕУ, тогаш е јасно дека Грција ќе постапи соодветно, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Action 24“ и посочи дека земјата, засега изразува резервираност по предлогот и поканата од американскиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија нагласи дека Одоборот за мир има „одредени особености и специфични правни карактеристики, кои бараат подлабока анализа“ и објасни дека постои конкретна резолуција на Советот за безбедност на ОН која Грција ја поддржа, а наведуваше дека Одоборт ќе се однесува на Газа и дека ќе биде привремен механизам за решавање на прашањето на Блискиот Исток.
– Предлогот што ни беше доставен, а принципиелно е важно што овој предлог беше упатен и до Грција, бидејќи не беше испратен до сите европски земји, туку до релативно мал број европски држави, е предлог што не се однесува само на Газа, туку општо на конфликтите што се појавуваат, а исто така има и трајни карактеристики. Односно постои одредена дистанца меѓу резолуцијата и Одоборот за мир. Поради ова, постои сериозна загриженост не само кај Грција, туку речиси кај сите земји-членки на Европската Унија, објасни Герапетритис.
Додаде дека сè уште траат консултациите на европско ниво, а во последните 72 часа имал можност опширно да разговара со сите, како со институциите на Европската Унија, така и со арапските држави.
Во однос на Гренланд потсети дека се наоѓа под суверенитет на земја-членка на Европската Унија и затоа „постои обврска за солидарност на секоја земја-членка, како и на самата ЕУ кон Данска“.
– Секоја закана по територијалниот интегритет и суверенитет ќе наиде на едногласно противење од страна на Европската Унија. Ја разбираме важноста и вредноста на ова прашање. Би сакал да потсетам дека Данска е и членка на НАТО, па затоа евроатлантската алијанса, врз која се темели повоената меѓународна безбедносна архитектура, во моментов се соочува со сериозни предизвици. Инсистираме дека дискусијата треба да продолжи. Разбираме дека постојат безбедносни прашања кои ги покренуваат Соединетите Американски Држави. Но, веќе постојат меѓународни договори кои го регулираат овој статус. Дијалогот мора да преовлада во секој случај. Сметаме дека е потребен консултативен став, посочи Герапетритис.
Ново на Сител
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
