-->
-->
Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-->

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во Првата македонска фудбалска лига, откако вчера триумфираа над Топ Гол со 8-0 и стекнаа недостижна предност на три кола до крајот на сезоната.
Со таа победа ЖФК Скопје 2014 има 15 бодови повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера со што математички ја потврдија првата позиција.
Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 до титулата дојдоа во доминантен стил со 22 победи и само еден пораз, и гол-разлика 76-7.
Во останатите натпревари од 23. прволигашко коло, Тиверија Брера ја совлада Каменица Саса со 3:0, ЖФК Истатов и Љуботен одиграа вез голови, Вардар славеше над Кочани со 4:1, а по еден погодок на две страни беше постигнат на дуелот Ас Јунајтед – Речица.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
