Македонија
30. October 2023 - 16:52

Фон дер Лајен: Изборот е ваш, но уставните измени се неопходни

Изборот е ваш и се работи за вашата иднина, но уставните измени се неопхoдни и  сите партии треба да дадат поддршка бидејки сега е отворен прозорецот за проширување на Европската Унија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со свои очекувања по средбата со премиерот Ковачевски иако нејзината посета не беше директно поврзана со промената на Уставот, како што тоа беше лани.

На пршањето дали се возможни безусловни преговори, очекување кое го изрази лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со кого таа денеска не се среќава, рече дека уставните измени се неопходни.

Претседателка на ЕК сепак, се надева дека Македонија ќе го отвори првиот кластер од преговорите до крајот на годината. За полноправно членство до 2030 година, фон дер Лајен вели дека процесот е заснован на заслуги и не е врзан со термини. Не сакаше да говори за внатрешната реформа во Брисел и француско-германскиот предлог за укинување на ветото во текот на преговорите.

Ковачевски пак, вели дека се уште е оптимист за уставните измени, но повика на одговорност во парламентот.

Фон дер Лајен во Скопје дојде како дел од нејзината турнеја низ западен Балкан за промоција на планот на ЕУ за раст на регионот. Се работи за заеднички пакет со Брисел од 4 точки: отворање на заедничкиот пазар со ЕУ, развој на регионалниот пазар, спроведување на реформите особено во делот на јавната администрација, судството и борбата против корупцијата, и финансиска помош од 6 милијарди евра за државите од западен Блакан.