Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека за тоа телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Русија немилосрдно го гаѓа Киев, обидувајќи се да го оневозможи секојдневниот живот на неговите жители. Стоиме со нив. И со сите Украинци. Утре ќе ѝ исплатиме на Украина уште 3,3 милијарди евра за набавка на ракети и дронови“, изјави Фон дер Лајен во соопштение објавено синоќа на интернет-страницата на Европската комисија.
Таа рече дека минатата недела е одобрено финансирање од ЕУ за системи „Патриот“, преку Заемот за поддршка на Украина, кој за оваа и за наредната година изнесува 90 милијарди евра, но и дека „очигледно е потребно повеќе“.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ е подготвена да ги искористи преостанатите средства од програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) за започнување нова програма за заеднички одбранбени проекти на ЕУ и Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
-

Преглед на вестите од светот
-

По повеќе од една година во бегство, Перпарим Бајрами сам се предаде на полицијата
-

Во Собранието конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
