Loading Video...
Свет
30. August 2023 - 16:32

Флорида на удар на ураганот Идалија

Ураганот Идалија, стигна на копното на Флорида, носејќи ветрови со брзина од над 200 километри на час. Идалија предизвика прекин на електричната енергија за речиси 60 000 корисници, а во некои подрачја можни се поплави од три до пет метри над нивото на земјата, предупреди гувернерот на Флорида Де Сантис. Вчера наредба да евакауираат добија жителите на многу окрузи, главно по должината на заливски брег на државата.

Група високи воени офицери во Габон утрово се појавија на национлната телевизија да кажат дека ја презеле власта и го ставиле претседателот Али Бонго во домашен притвор, откако габонскиот изборен центар објави дека тој освоил трет мандат на недомашените претседателкси избори, а опозцијата обвини дека победата е наместена. Тие, исто така, објавија дека ги поништуваат резултатите од изборите и ги распуштаат сите државни институции, нагласувајќи дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили на Габон.

Доколку биде успешен, ова би бил осми државен удар во поранешните француски колонии во Африка во последните три години. Соборувањето на Бонго би значел крај на 53 годишното владеење на неговото семејство во Габон, една од земјите богати со нафта во Африка , но во која владеее сиромашитија. 

Русија се закани дека нападите со украински беспилотни летала на руска територија извршени рано утринава нема да поминат без казна. Во нападот е погоден и аеродром во Псков при што беа уништени два товарни воени авиона, фабрика за чипови во Бријанск и складиште за гориво во Калуга. 

Според прелиминарните информации, за среќа, нема жртви. Сепак, нападите со украински беспилотни летала врз цивилни објекти уште еднаш ја потврдуваат терористичката суштина на режимот во Киев. Јасно е дека украинските беспилотни летала не можеа да летаат на тие растојанија без помош од западните сателитски информации, изјави Марија Захарова, портпарол на Министесртвото за надворешни работи на Русија. 

Русија веднаш возвратила со голем воздушен напад на Киев и други делови од Украина. Градоначалникот  на Киев, Витали Кличко изјави дека војската ги соборила проектилите наменети за Киев, но остатоците  усмртиле двајца цивили.