Финска повторно најсреќна земја во светот

Финска го обезбеди првото место меѓу најсреќните земји во светот и таа титула ја носи седма година по ред, се вели во извештајот на мрежата за решенија за одржлив развој, која работи под покровителство на ОН, објавен денеска.
Просечниот рејтинг на таа нордиска земја е 7,7, а потоа следат Данска, Исланд и Шведска. На другиот крај на скалата е Авганистан, кој среде хуманитарна катастрофа по враќањето на Талибанците на власт во 2020 година го зазеде последното место од 143 земји со оценка 1,7.
Ова се десетте најсреќни земји во светот.
1. Финска
2. Данска
3. Исланд
4. Израел
5. Холандија
6. Шведска
7. Норвешка
8. Швајцарија
9. Луксембург
10. Нов Зеланд
Словенија е најсреќна од земјите од поранешна Југославија кои се на листата и е 21-ва во светот, Србија е 37-ма, Хрватска е 63-та и Босна и Херцеговина е 64-та.
Македонија е меѓу најнесреќните во регионот и се наоѓа на 84. место.
Ново на Сител
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
